ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Сѐ е договорено: Лукаку се враќа во Интер и го брка Џеко

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку по само една сезона во дресот на Челси ќе се врати во Интер и тоа на едногодишна позајмица вредна 8 милиони евра.

Според медиумите во Англија и Италија, договорот меѓу Челси и Интер е да нема откупни опции или задолжителни клаузули во договорот за позајмица, а Лукаку да има плата од 8 милиони евра.

Лукаку се врати во Челси пред една година откако лондонскиот клуб му плати на Интер 113 милиони евра за неговите услуги, но од самиот почеток беше јасно дека не е среќен на Островот и дека го напушти Интер во период кога беше во најдобра форма.

URL

Со текот на времето го загуби местото во првиот тим, дури и се скара со тренерот Томас Тухел околу минутажата, а потоа изјави дека неговото срце е во Италија и Интер и дека по секоја цена сака да се врати на Апенините.

Минатата сезона одигра вкупно 44 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 15 гола и забележа 2 асистенции. Претходната сезона, кога го носеше дресот на Интер, одигра вкупно 44 натпревари и постигна 30 гола со 10 асистенции. Иако одигра ист број на натпревари, минутажата која ја имаше е многу различна: 2.748 минути за Челси, а 3.565 за Интер. Покрај тоа, со Интер стана и шампион на Италија.

Лукаку има важечки договор со Челси до 30 јуни 2026 година, а доаѓањето во Интер речиси сигурно ќе значи и заминување на Един Џеко, за што претходно пренесоа медиумите во Италија. Со оглед на тоа што Лаутаро Мартинес ќе остане во Интер, а на чекор под потпис е и Пауло Дибала, јасно е дека вишокот тука е Босанецот, кој е и највозрасен од сите нив.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе