ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Се јави Роналдо: Играв на 5 Мундијали, дадов сѐ од себе - сонот заврши

Филип Здравески
/ 11.12.2022 / 17:01

Конечно на јавноста ѝ се обрати оној кој сите го чекаа да каже нешто - Кристијано Роналдо - еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот чиј сон за Божицата на победата на ФИФА и петти пат заврши без успех.

Португалецот откако низ солзи завчера го напушти теренот по изненадувачката победа на Мароко над неговата Португалија зборуваше за мундијалскиот сон кој не успеа да го оствари. Но, не најави повлекување од репрезентацијата, барем не сега.

„Освојувањето на Мундијалот за Португалија беше најголемиот и најамбициозниот сон во мојата кариерата. За среќа, освоив многу меѓународни трофеи, вклучително и со Португалија, но да го доведам името на нашата земја на највисокото светско ниво беше мојот најголем сон“.

„Се борев за тоа. Упорно се борев за тој сон. За 16 години учествував на 5 Мундијали, играв покрај одлични фудбалери и со поддршка од милиони Португалци, дадов сѐ од себе. Дадов сѐ на теренот. Никогаш не го свртев лицето од борбата и никогаш не се откажав од тој сон“.

„За жал, синоќа сонот заврши. Не вреди да се реагира жестоко. Сакам сите да знаат дека многу е кажано, многу е напишано, многу се шпекулира, но мојата верност кон Португалија не се промени ниту за момент. Отсекогаш сум бил еден од оние кои се бореле за заеднички цели и никогаш не би им свртел грб на соиграчите и на мојата земја“.

„Засега немам што повеќе да кажам. Благодарам, Португалија. Благодарам, Катар. Сонот беше прекрасен додека траеше… Сега останува да почекаме додека времето не стане добар советник и ќе му дозволи на секој да донесе свои заклучоци“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе