Сѐ што не сте знаеле за златниот пехар на ФИФА

Фудбалерите на Аргентина и Франција в недела ќе се борат за титулата светски шампион и најважниот трофеј во светот на спортот, со прилично некреативно име - Трофеј ФИФА Светски куп.

Кога ФИФА одлучила да го создаде Светското првенство во 1929 година, требало и да се дизајнира трофеј што ќе му биде доделен на победникот.

Одлучено било трофејот да биде од позлатено сребро, го изработил францускиот скулптор Абел Лафлер, а станувало збор за древната хеленска божица на победата Ника (оттука и колоквијалниот назив Божица на победата што останал до ден денес иако повеќе не се работи за истиот трофеј).

Трофејот го доби името Победа (Victory), бил висок 35 сантиметри и тежок 3,8 килограми, а прв сопственик станал Уругвај откако триумфирал на првиот истрориски Мундијал во далечната 1930 година. За време на Втората светска војна, Оторино Бараси, тогашен потпретседател на ФИФА и претседател на Италијанската фудбалска федерација, го спасил од фашистите криејќи го во кутија за чевли под својот кревет. Италија како победник на последниот Мундијал во 1938 година го чувала и за време на војната кога Мундијалот во 1942 не се одиграл од добро познатите причини.

По завршувањето на војната, во 1946 година името му било сменето во Трофеј Жил Риме во чест на претседателот на ФИФА кој е најзаслужен за создавањето на Светското првенство. Риме тогаш не само што бил жив, туку и сѐ уште бил претседател на ФИФА, должност која ја извршувал до 1954 година. Починал две години подоцна.

Овој трофеј се доделувал сѐ до 1970 година.

Пеле со пехарот во сопственост на Бразил

Според тогашните правила на ФИФА, трофејот одел во сопственост на победничката репрезентација до почетокот на следниот Мундијал, а одлучено било трофејот како трајна сопственост да го добие репрезентацијата која три пати ќе го освои Светското првенство.

Кога Бразил ја освоил својата трета титула во 1970 година на Мундијалот во Мексико, го однел „Жил Риме“ дома, па ФИФА морала да создаде нов трофеј.

Отворен бил меѓународен конкурс на кој се пријавиле 53 дизајни од целиот свет, а победник бил примерот дизајниран од миланскиот скулптор Силвио Гаѕанига, уметнички директор на компанијата GDE Bertoni, која сѐ уште произведува трофеи за светскиот шампион.

Првично, дизајнот прикажувал двајца голмани како ги креваат рацете и ја држат топката над нивните глави, но скулптурата била променета. Двајцата голмани биле заменети со два ангела на победата, а наместо топката бил ставен глобус со исцртани континентите.

Она што е интересно е дека само еден Трофеј ФИФА Светски куп е оригинален и е изработен од 18 каратно злато. Висок е 38 сантиметри и тежок 6,2 килограми. Внатре е шуплив бидејќи кога би бил целосно исполнет со злато би тежел повеќе од 70 килограми и тешко би се подигнувал.

Марко Матераци го бакнува пехарот во 2006

Оригиналниот примерок, чија вредност се проценува на 20 милиони долари, ѝ се доделува на репрезентацијата која го освојува Светското првенство.

Името на победникот на лице место се врежува на плочата на долната страна, но веднаш потоа оди во GDE Bertoni на редовна реставрација и потоа во седиштето на ФИФА во Цирих, а фудбалската федерација на победничката селекција добива реплика која е со иста големина, но не од злато, туку од позлатена бронза.

Пехарот имаат право да гхо допрат само претседателот на ФИФА, играчите и стручниот штаб од репрезентациите кои го освоиле, како и актуелни лидери на држави (претседатели, кралеви, цареви...). Така, кога летоска при турнејката воочи Мундијалот пехарот пристигна и во Македонија, можеа да го држат само Жилберту Силва, кој беше ФИФА амбасадор и освојувач на пехарот со Бразиул во 2002 година, како и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Жилберту Силва и Пендаровски на промоцијата на пехарот во Пивара Скопје

Репрезентацијата на Западна Германија е првата репрезентација што го освои овој трофеј, на Мундијалот во 1974 година на домашен терен. Германците го подигнаа и во 1990 и 2014 година, Италијанците во 1982 и 2006 година, Бразилците во 1994 и 2002 година, а Шпанците во 2010 година.

Така, досега се направени и дистрибуирани 12 реплика трофеи. Репрезентацијата што ќе го освои Мундијалот во неделното финале по трет пат ќе го подигне трофејот на ФИФА. Аргентинците претходно го подигнаа во 1978 и 1986 година, а Французите во 1998 и 2018 година. Но, нема да го задржи во трајна сопственост како Бразилците.

А, кога сме кај трајната сопственост и Бразилците, за жал тие повеќе ја немаат оригиналната Божица победата. Имено, на 19 декември 1983 година четворица крадци провалиле во просториите ан Бразилската фудбалска конфедерација (ЦФБ), насилно го отвориле дрвениот плакар каде стоела Божицата и го украле трофејот. Никогаш не биле фатели, а биле судени и осудени во отсуство. Бразилската полиција дио ден денес го енма најдено драгоцениот пехар, за кој претпоставкоите вцелкат дека е стопен и златото продадено. Само еден дел од трофејот бил пронајден и тоа базата на која стоел златниот пехар, а копја денес ФИФА ја чува во Цирих. Во 1984 година ЦФБ како утеха од ФИФА доби реплика на трофејот изработена од американската компанија Eastman Kodak со 1,8 килограми злато.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе