Се зголемува бројот на заразени текстилни работнички во Штип

Штип, 26 мај 2020 (МИА) – Нови пет случаи на заразени со коронавирус во Штип, од кои четири се текстилни работнички од штипската конфекција во која во изминатите два дена беа регистрирани две заразени работнички, со што во оваа фабрика вкупниот број на заболени изнесува шест лица.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска рече дека од страна на сопственикот на конфекцијата е информиран оти се затвара на една недела, а ако се покаже потреба и подолго.

-Јас разговарав со сопственикот на конфекцијата, но и со сите инспекциски служби и ме информираа дека таму е извршен инспекциски увид, надзор и контрола и е констатирано дека не се прекршени мерките за носење на заштитна опрема. Но, сопственикот ме информираше дека на негова иницијатива ќе ја затвори компанијата од недела дена, а ако има потреба и повеќе, со цел да се испитаат сите вработени, вели Бочварски.

Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип информираа дека денеска се земени девет брисеви од кои седум се поврзани со конфекцијата. Во тек е и епидемиолошка анкета за работничките од други конфекции, кои се превезувале во ист автобус со работничките од оваа штипска конфекција. Првично станува збор за повеќе од десет лица.

Ирина Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вели дека сите контакти на досега утврдените позитивни случаи ќе бидат ставени во изолација, но најавуваат надзор и на автобусите на другите конфекции.

-Во однос на превозните средства ДСЗИ ќе изврши надзор во однос на хигиената во нив, обезбедени средства за дезинфекција на раце на лицата кои се превезуваат и динамика на дезинфекција на превозните средства, вели Бухова.

Кристина Ампева од НВО  „Гласен текстилец“, како најгласна организација за правата на текстилните работнички, препорачува во фабриките да се користи годишниот одмор за да се спречи состојбата да излезе од контрола. Вчера со препорака излезе и Центарот за јавно здравје во Штип – да се држи дистанца, да се носи заштина опрема и редовно да се дезинфицираат автобусите и сите работни површини.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе