АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2022

Шаповалов: Погрешив што реков дека судијата е корумпиран, но на Рафа премногу му се дозволува

Канаѓанецот Денис Шаповалов по поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Австралија опен 2:3 го коментираше конфликтот со судијата.

– Погрешно се изразив кога реков дека е корумпиран. Бев емотивен. Но, сепак мислам дека сум во право. Не е фер што на Рафа му се дозволени толку многу работи. Бев подготвен да играм, времето течеше, три секунди, две, една, нула. Го гледам судијата и, се разбира, ќе кажам нешто – веќе чекам минута и половина. И тој вели дека нема да му даде предупредување, бидејќи не сум подготвен да играм. Ова е глупост. Истото по четвртиот сет. Рафа веќе направи две медицински паузи. По сетот беше прегледан – како што ми кажа судијата. И по овој увид направи и пауза за тоалет – иако лани мене не ми беше дозволено ова. Каде се границите? Ги почитувам достигнувањата на Рафа и тој е неверојатен играч. Но, мора да има граници и правила. Како резултат на таа пауза, по четвртиот сет имаше голем брејк, темпото се намали, стана многу потешко да се игра. Уште еднаш, не кажувам ништо против Рафа, тој е неверојатен играч. Но, многу е тешко и многу непријатно да се соочиш со сето ова. Се разбира, постои посебен однос со него. На сите мои други натпревари темпото беше многу побрзо бидејќи судиите цело време гледаа на стоперката. Му даваат толку многу време, изјави Шаповалов.

Надал синоќа по 4 часа и 10 минути избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Тој поведе против Шаповалов со 2:0, а кога противникот изедначи, Шпанецот правеше неколку паузи и успеа да го наруши темпото на канадскиот тенисер кој беше во налет.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе