Шефот на Вагнер: Единица на руската армија избега од бојното поле кај Бахмут

Евгениј Пригожин, основач на приватната воена компанија Вагнер, вчера објави дека неговата платеничка група почнала да прима муниција.

„Според прелиминарните податоци, почнуваме да добиваме муниција“, рече тој вчера во аудиопораката што ја објавија неговите портпароли. Тој додаде дека во Бахмут се водат „жестоки“ борби, но тврди дека неговите сили напредуваат, пишува Kyiv Post.

Сепак, Пригожин рано утрово објави нова снимка.

„За да не се расипе ничиј одмор, целосното видео кое ви кажува за состојбата со муницијата ќе биде прикажано точно во 10:40, по завршувањето на победничката парада. А бидејќи е 3:30 часот наутро, имаме уште време - кој знае , можеби ќе ја добиеме муницијата. Тогаш нема да ја покажеме“, рече тој.

 

 

На крајот го објави видеото со кое се заканува. Во него тој обвини руска воена единица дека бега од нејзините позиции во близина на Бахмут во источна Украина, каде во моментов се водат најжестоките борби.

„Денеска единица на Министерството за одбрана побегна од едно од нашите крила... оставајќи разоткриен фронт“, рече Пригожин.

Тој го повтори своето ветување дека неговите борци ќе го напуштат Бахмут доколку руската војска не достави повеќе муниција. Дополнително, тој ја доведе во прашање способноста на Кремљ да ја брани земјата додека Украина се подготвува за пролетна офанзива.

„Зошто државата не е во состојба да ја одбрани својата земја?“, прашува тој, додавајќи дека Украина „успешно“ ги погодува пограничните региони на Русија.

„Денот на победата е победа на нашите предци, ние не заслуживме ниту мал дел од таа победа“, тврди Пригожин. „Постои злосторство наречено ‘уништување на рускиот народ’... И тоа го прави мала група“.

„Нема да заминеме (од Бахмут), ќе останеме уште неколку дена, ќе се бориме и покрај сè, ќе се снајдеме“, рече тој.

Тој ја обвини воената хиерархија дека сака да го „измами“ Путин.

„Ако се направи сè за да се измами врховниот командант (Владимир Путин), тогаш или ќе ви ја отсече главата... или рускиот народ ќе биде бесен ако војната биде изгубена“, заклучи тој.

URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе