Шоферски дилеми: Кои гуми треба да ги избегнувате?

За разлика од некои други производи, кога се во прашање гумите, цената е солидна насока во потрагата по најдобриот производ.

Сепак, иако е лесно да се избере квалитетна премиум гума со супериорни карактеристики така што ќе ја испразните вашата банкарска сметка со купување поскапи бандажи, многу е потешко да се најдат оптимални гуми од гледна точка на цена и карактеристики. Уште поголем предизвик е да се најде најдобрата гума во сегментот нискобуџетни производи.

Од 15 ноември почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество  во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи. Дали сте подготвени?

За почеток, можеме да ви помогнеме со спомнување на брендовите на гуми кои генерално треба да се избегнуваат. Барем така тврди MechanicBase.com, кој издвои седум производители кои треба да се заобиколат во широк лак, но сепак остава простор некои од нивните производи да ги задоволат нивните потреби.

Седумте најлоши

Прв на листата е Goodride, чија зимска гума во спроведената студија на ADAC покажа значителни недостатоци во услови на снег. Авторите на студијата нагласуваат дека овој кинески производител има многу големи флуктуации во квалитетот, а на патиштата е од 1997 година.

Следен на листата е Westlake, чии гуми имаат краток век на траење, а нивните перформанси на влажни подлоги се прилично слаби. Chaoyang е на неславната листа поради истите причини иако постои од 1958 година, а и Compass Tires има проблем со вибрациите.

На списокот се наоѓа и Telluride, чии гуми го нарушуваат комфорот при возење и многу често се многу бучни. Гумите YKS исто така брзо се трошат и многу корисници го ценат квалитетот. Гумите AKS имаат проблеми со неконзистентен квалитет, брзо абење и брзо губење на почетните карактеристики.

Лесно е да се заклучи дека повеќето лоши гуми доаѓаат од Кина. Најзастапена меѓу нив е Hangzhou Zhongce Rubber Company со бројни брендови, но и отсуство на соодветни контроли за квалитет. Годишниот извоз е на ниво од околу 65 милиони гуми.

Најголемите проблеми со евтините кинески гуми се квалитетот на гумите, работниот век, подолгото растојание за сопирање и влијанието врз животната средина.

Поевтини гуми што се добар избор

Списокот на докажани производители кои имаат квалитетни гуми е релативно долг, а во него се вклучени и брендови со релативно добри и достапни производи.

Авторите на студијата ги издвојуваат Cooper, Hankook и Toyo. Овде дефинитивно би ги додале и гумите од понудата на од Falken и Fulda.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе