Што значи безбеден секс во време на пандемија во Македонија?

Држењето безбедна дистанца е една од основните мерки за заштита од заразување со вирусот SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста COVID-19.

Иако треба да држиме дистанца, од ден во ден сè појасна ни станува важноста, потребата од човечки допир.

Пандемијата нè натера да размислиме кога и што ќе допреме повеќе од кога било досега. За повеќето од нас, поминаа повеќе од шест месеци откако сме се поздравиле со рака, а не па да сме се прегрнале со пријатели и роднини со кои не живееме во исто домаќинство. Во секоја човечка интеракција што ја имаме надвор од домот, сега сме принудени да се концентрираме на тоа да се држиме подалеку од другите луѓе. Дури и кога ќе се видиме со членови на семејството со кои сме разделени со месеци, мора свесно да се спротивставиме на искушението да ги бакнуваме или гушкаме, бидејќи тоа може да ги загрози нив и нас.

За многумина од нас, пандемијата ја покажа важноста на физичкиот контакт во нашите животи. Само во негово отсуство ја забележавме неговата вредност.

Дали е можно да сме среде не само здравствена криза, туку и криза на допир? Дали некои луѓе пропуштаат допир каков што посакуваа и пред пандемијата на коронавирусот? Колку од луѓето во нашето опкружување се лишени од чест физички допир со други луѓе, и уште поважно – лишени од физички секс поради пандемијата?

Размислувајќи на овие теми, разговарав со неформална фокус-група на жени од Македонија, на возраст од околу 30-тина години. Меѓу нив има жени кои се сингл, кои имаат партнер но не живеат заедно, живеат со партнер, се во брак итн. Заеднички е ставот дека начинот на кој допираме сè околу нас, вклучувајќи ги луѓето (па и самите себе) се смени драстично во пандемијата. Стравот од заразување ги смени нашите навики, вклучувајќи ги и сексуалните. Неизбежно се поставува прашањето: Што претставува безбеден секс во време на пандемија?

Низ неформалниот разговор со моите соговорнички, дојдовме до неколку заклучоци за тоа кои сексуални активности се најбезбедни и најмалку безбедни во време на пандемија, во однос на заразување со коронавирусот.

Листата е конципирана од „најбезбедна“ до „најмалку безбедна“ сексуална активност:

Sexting (размена на текстуални, фото и видео содржини со еротска/сексуална тематика)

Физички контакт нема, па ризикот не е поврзан со КОВИД, туку со „протекување“ на онлајн разговорот и содржините.

Мастурбација

Опасно од зараза со коронавирус е само во случај на непочитување на хигиената на рацете и/или секс-помагалата.

Секс со партнер со кој живееш

Ризикот е речиси ист како и сите други активности со партнерот, во случај на внесување на заразата од надвор.

Секс со партнер со кој не живееш, ама си во ексклузивна врска

Под ексклузивна врска се подразбира дека немате други сексуални партнери, а исто така си ги знаете контактите воопшто. Еден на друг сте си прва линија на „фронтот“.

Секс со партнер со кој не си во врска

Влегувајќи подлабоко во зоната на опасното, сексот во време на пандемија со личност на која најверојатно не ѝ ги знаете секојдневните контакти, се смета за ризично однесување.

Секс со нов партнер

Дополнителен ризик од непознатото – не го знаете неговото/нејзиното однесување во пандемија, не ги знаете неговите/нејзините контакти.

Секс во тројка

Освен ако не ви се редовни и сигурни секс партнери, се дуплира бројот на непознати контакти.

Оргија

Паролата „The more, the merrier“ дефинитивно не важи во време на пандемија.

Апелирам за одговорно сексуално однесување, и тоа не само во време на пандемија!

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе