Силјановска телефонски разговарала со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство

Претседателката Гордана Силјановска-Давковa денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Во разговорот со украинскиот претседател Зеленски, Силјановска-Давкова ја нагласи нашата цврста и недвосмислена поддршка кон Украина во однос на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија. Осврнувајќи се на меѓународното право, принципите на Повелбата на ОН и Статутот на Советот на Европа, претседателката рече дека украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство во справувањето со историскиот предизвик со трајни и несогледливи последици.

Двајцата соговорници разменија мислење и за претстојниот Самит чиј домаќин ќе биде Швајцарија, а со цел да создаде рамка поволна за сеопфатен и траен мир во Украина“, соопштија од нејзиниот кабинет.

Претседателот Зеленски во текот на разговорот ја поканил претседателката да ја посети Украина, за што тие, како што е појаснето, дополнително ќе се консултираат на Самитот во Швајцарија.

За време на разговорот биле нагласени одличните билатерални односи меѓу двете земји, карактеризирани со идентични вредности, меѓусебна почит и разбирање, силно потврдени со континуираната соработка во сите области од заеднички интерес.

Силјановска-Давкова и Зеленски ја реафирмирале посветеноста од натамошна заемна поддршка во меѓународната дипломатија, во насока на исполнување на европската аспирација на двете држави.

Телефонскиот разговор со Зеленски, Силјановска-Давковa го оствари од Рим, за време на нејзината посета на Република Италија и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

реклама

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Read more

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Read more

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Read more

Македонија

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Read more

Украс во Владата ќе биде и портрет од техничкиот премиер во заминување - Талат Џафери

Read more

Сончево и топло со температури до 35 степени

Read more

Без вода дел од Општина Карпош

Read more
 

Вести

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Читај повеќе

Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче

Читај повеќе

Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Читај повеќе

Украс во Владата ќе биде и портрет од техничкиот премиер во заминување - Талат Џафери

Читај повеќе

Европскиот парламент остана без пратеници Роми

Читај повеќе
  • play_arrow

Страшна глетка: 28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД

Читај повеќе

Сончево и топло со температури до 35 степени

Читај повеќе

Без вода дел од Општина Карпош

Читај повеќе

Во недела посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Читај повеќе