Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до10°C, а дневните ќе се искачат до 27°C.
Во Скопје наутро во делови од котлината магливо, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите до 24°C.
Утре времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од западен правец, наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Особено потопло ќе биде на планините.