Стоилов: Со гордост го носев дресот на Македонија

Пивотот Стојанче Стоилов синоќа го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес. Тој по големата победа над Чешка и обезбедениот пласман на Мундијалот следната година, ја соопшти одлуката дека се повлекува од репрезентацијата, оставајќи простор на помладите.

– Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со гордост го носев овој дрес. Има многу играчи што треба да се набројат. Ќе почнам со Кире, ти благодарам за сѐ што направивме и не направиме. Тука е и Жути (Миркуловски) кој го остави здравјето настапувајќи за репрезентацијата. Оваа моја одлука е поради тоа што веќе чувствувам дека телото не ги издржува овие напори. Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за Македонија, изјави Стоилов.

Одлуката за репрезентативна пензија на Стоилов, предизвика многу емоции кај селекторот Кире Лазаров кој не успеа да ги задржи солзите на заедничката прес-конференција.

– Според мене Столе ни е потребен. Меѓутоа, ја почитувам неговата одлука. Нема да биде лесно без него и без Миркуловски. Капа доле, рече Лазаров.

Македонската репрезентација синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ ја победи Чешка со 27:25 и избори учество на Светското првенство кое во јануари 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска. Жрепката за групите ќе биде на 2 јули кога Македонија ќе ги дознае противниците.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе