Со првите два четвртфинални дуели од вечерва најелитното фудбалско натпреварување во Европа полека влегува во самиот финиш.
Бенфика - Интер и Манчестер Сити - Баерн вечерва, а утре вечер се играат преостанатите два натпревара во кои силите ќе ги одмерат Милан - Наполи и Реал Мадрид - Челси.
Нема сомнеж дека нè очекува многу возбуда и неизвесност, која Англичаните се обидоа да ја „разбијат“ со помош на вештачката интелигенција.
Според суперкомпјутерот, екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампионите каде ќе се сретнат меѓу себе.
Што се однесува до преостанатите два дуела, Наполи треба да го мине Милан, а Бенфика би можела да направи мало изненадување и да го елиминира Интер, по што овие две екипи ќе се соочат во битката за финалето.
Досега вештачката интелигенција безброј пати ги погоди исходите од натпреварите, а дали нејзините предвидувања ќе бидат вистинити и сега, останува да видиме.