Сведоштво на француска тенисерка: Тренерот ме силуваше 400 пати за две години

Поранешната француска тенисерка Анжелик Коши сведочеше како дел од истрагата за сексуална злоупотреба на малолетници во рамките на Француската тениска федерација. Коши даде грозоморни детали за злоупотреба, наведувајќи дека тренерот ја силувал 400 пати во период од две години, понекогаш и три пати на ден.

Анжелик Коши сведочеше дека тренерот Андрју Гедес ја силувал три пати на ден кога ја преземал тренерската должност во француската репрезентација, а таа имала само 12 години.

„Бевме во Ла Бол, таму ги носеше своите жртви. Ги живеев најлошите две недели во животот, ме силуваше три пати на ден“, им рекла тенисерката на властите. Таа додаде дека нејзиниот тренер ѝ рекол дека има СИДА, поради што од 13 до 18 години живеела убедена дека и самата има СИДА.

„Многу пати размислував за самоубиство, ме силуваше три пати на ден. Првата вечер ме замоли да одам во неговата соба, а јас не отидов. И така тој влезе во мојата. Беше лошо. Бев затворена, не можев да излезам кога сакав“, изјави поранешната тенисерка, која и самата е тениски тренер.

Таа се присети и дека му рекла на тренерот дека не треба да го прави тоа, дека не сака, на што тој одговорил дека тоа понекогаш се случува во односите меѓу тренерите и учениците бидејќи поминуваат многу време заедно и дека тоа е целосно нормално.

Коши тврди дека тренерот имал поддршка од претседателот на Тениската асоцијација.

„Во светот на тенисот беше познато дека неговото однесување кон младите девојки не е коректно. Кога една девојка му се пожалила на претседателот дека се однесува недолично кон младите, со вербално и физичко насилство, одговорот бил 'Да, но тој ни носи титули'“, тврди Коши.

Remote video URL

Уште три девојчиња, на возраст меѓу 15 и 17 години, станаа жртви на Гедес.

Тие рекоа дека тренерот ги принудил да ги прекинат врските со нивните семејства и пријатели и ги подложил на серија насилни сексуални напади во неговиот автомобил, во соблекувалната или за време на тренинг.

Тренерот Ендрју Гедес беше осуден на 18 години затвор во 2021 година за сексуално вознемирување на четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе