ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024 - БОКСИНГ ДЕЈ

Тен Хаг ја откри тајната на пресвртот на сезоната

Предводникот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, им откри на медиумите што им кажал на своите играчи пред големиот пресврт против Астон Вила на синоќешниот Боксинг деј.

Јунајтед на Тен Хаг е под голем притисок и во серија на лоши резултати, но сето тоа може да се промени по победата над Астон Вила на Боксинг деј.

Освен победата против големиот ривал за самиот врв на табелата и евентуалниот пласман во Лигата на шампионите, најимпресивен е начинот на кој Јунајтед стигна до неа. Вива синоќа водеше со 2:0 на „Олд Трафорд“, но на крајот со празни раце си змаина на пат назад до Бирмингем.

Чудесниот пресврт се случи во вториот дел, а на гледачите им се чинеше како две сосема различни екипи да излегле на теренот на „Олд Трафорд“ во вторите 45 минути. Затоа, англиските медиуми ги интересираше што им кажал Тен Хаг на своите играчи на полувремето, што го предизвика пресвртот на сезоната.

„Игравме добро во првото полувреме и примивме два гола од ситуации кога го загубивме фокусот. На полувремето им реков на моите играчи: 'Продолжете да верувате и да го правите она што го правевте. Всушност, работете уште понапорно во второто. Направете поголем притисок. Видовте што се случи кога извршивме поголем притисок'“, откри по натпреварот холандскиот стручњак за Amazon Prime.

Тен Хаг истакна дека тимот е конкурентен со Арсенал и Ливерпул оваа сезона и може да ги победи и да заврши пред нив. Од Арсенал на почеток на сезонава загуби со 3:1 на гости, додека неодамна против Ливерпул одигра 0:0 дома.

„Верувајте дека дури и кога губите со два гола разлика, не е важно. Важно е да продолжите да покажувате карактер, а моите играчи покажаа дека го имаат тоа. Тоа беше вистинска тимска победа“, додаде Холанѓанецот.

Remote video URL

Манчестер Јунајтед со оваа победа се врати во Топ 6 во Премиер лигата, но и понатаму има 5 бода зад последното место кое води во Лигата на шампионите. Исто така, „Црвените ѓаволи“ одиграа натпревар, односно два, повеќе од Тотенхем и Манчестер Сити.

Remote video URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе