УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Тен Хаг незапирливо го води Јунајтед во амбис: Сруши негативен рекорд кој стоеше од 1986

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа доживеаја нов срам и го срушија клупскиот негативен рекорд кој важеше од 1986 година.

Јунајтед синоќа беше поразен на домашен терен од Галатасарај со 3:2 во второто коло од Лигата на шампионите, а тимот предводен од Ерик тен Хаг од натпревар во натпревар изгледа како разбиена војска.

Ова им беше втор пораз во Лигата на шампионите и останаа заглавени на дното на табелата, додека во Премиер лигата се дури на 10-тото место благодарение на поразите од Кристал Палас, Брајтон, Арсенал и Тотенхем.

Навивачите на Јунајтед сѐ повеќе го губат трпението со Тен Хаг кој не може да го крене својот тим. Згора на тоа, го турка кон бездната.

Синоќа, холандскиот стручњак стана првиот менаџер во модерната ера на Манчестер Јунајтед кој загубил 6 од првите 10 натпревари во сезоната.

Такво нешто на „Олд Трафорд“ не се памети од 1986 година, односно од доаѓањето на Алекс Фергусон на клупата, а вистинското прашање е дали Тен Хаг конечно може да покаже зошто е дебело платен или ќе треба и тој да си ги спакува ги куферите.

Што се однесува до синоќешниот натпревар, Јунајтед двапати имаше водство против турскиот шампион, а двата гола ги постигна Расмус Хојлунд. Сепак, одличниот турски тим дватапати се враќаше во игра со головите на Вилфрид Заха и Керем Актурколу.

Се играше 77. минута кога Каземиро доби црвен картон, а беше досуден и пенал за Галатасарај. Но, Мауро Икарди од белата точка шутираше крај голот и на тој начин ја уништи најдобрата шанса да му донесе голема победа на Галатасарај.

Иако го промаши пеналот, во следниот напад Икарди се искупи и по контранапад погоди за неверојатни и шокантни 2:3.

Remote video URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе