НБА 2021/22

Торонто по 3 продолженија го сруши Мајами, одлична партија на Дончиќ

Дури три продолженија беа потребни за да се дојде до победник на дуелот на Мајами Хит и Торонто Репторс, додека Далас Маверикс ја совлада Индијана Пејсерс благодарение на одличната партија на Лука Дончиќ кој оствари дабл-дабл ефект.

Највозбудливо беше на дуелот во Мајами каде гостите од Канада победија со 124:120 по дури три продолженија.

Гери Трент Џуниор го предводеше Торонто со неговите 33 поени, Скоти Барнс додаде 22, Паскал Сјакам 21 и Оџи Ануноби 20.

Џими Батлер постигна трипл-дабл со 37 поени, 14 скока и 11 асистенции за водечкиот тим од Источната конференција, но ниту тоа не му помогна на Мајами да го избегне поразот.

Remote video URL

Далас дојде до победа предводен од словенечкото чудо. Домашните по првата четвртина веќе водеа со 34:23, а до крајот на натпреварот дополнително ја зголемија предноста за 29-та сезонска победа.

Лука Дончиќ постигна 30 поени со 12 асистенции и 6 скока, а имаше помош од Реџи Булок кој даде 23 поени, постигнувајќи 6 од 7 тројки. Макси Клебер постигна 15 поени со 13 скока.

Дуан Вашингтон Џуниор ги предводеше Пејсерс со 22 поена, а Домантас Сабонис постигна 21 поен и 15 скока.

Remote video URL

Филаделфија 76ерс на свој паркет го победија Сакраменто Кингс со 103:101, а извонреден беше Џоел Ембиид со 36 поени, 12 скока и 6 асистенции.

Тајрис Халибартон, пак, постигна 38 поени, но Кингс ја испуштија предноста што ја имаа во поголемиот дел од натпреварот.

Remote video URL

Резултати:

Далас Маверикс - Индијана Пејсерс 132:105
Њу Орлеанс Пеликанс - Бостон Селтикс 97:107
Филаделфија 76ерс - Сакраменто Кингс 103:101
Мемфис Гризлис - Вашингтон Визардс 115:95
Мајами Хит - Торонто Репторс 120:124
Голден Стејт Вориорс - Бруклин Нетс 110:106

Табела:

   

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе