УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

УЕФА ги одби Сити, Челси и Ренџерс: Вечер нема да се интонира God Save the Queen

Филип Здравески
/ 14.09.2022 / 13:00

Наместо препознатливата химна на Лигата на шампионите островските клубови бараа пред почетокот на нивните натпревари да биде интонирана химната на Обединетото Кралство во чест на починатата кралица Елизабета II.

Куќата на европскиот фудбал го одби барањето на англиските клубови Манчестер Сити и Челси и шкотскиот Ренџерс за интонирање на химната „God Save the Queen“ пред нивните вечерашни натпревари од Лигата на шампионите. Трите клуба наводно побарале да не се интонира традиционалната „Champions League“ која од 1992 година е официјална химна на Лигата на шампионите, туку наместо неа, а во чест на починатата кралица Елизабета II, да се интонита химната на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Иако не се знае како точно гласело барањето, УЕФА денеска го одби. Меѓутоа, напомена дека донела одлука на трите натпревари кои се играат вечерва од 21 часот на Островот воопшто да не се интонира химна со што ќе се испочитува периодот на жалост прогласен низ цело Обединето Кралство.

„Нема да има интонирање химни, вклучително и химната на Лигата на шампиони, согласно традиционалната церемонија пред секој натпревар, ќе мине во тишина и без славенички активности на сите места во Обединетото Кралство, за да покажеме почит како што тоа го направивме и во четвртокот“, стои во соопштението објавено од УЕФА.

Синоќа на натпреварот во Ливерпул помеѓу истоимениот домашен тим и Ајакс, иосто така не се интонираше химната на натпреварувањето.

Сите спортски активности од изминатиов викенд во целото Обединето Кралство беа откажани, а имаше и најави дека ќе биде побарано одложување и на натпреварите од Лигата на шампионите кои островските клубови треба да ги играат на домашен терен. Такво нешто, сепак, УЕФА не дозволи поради густиот распоред, но направи мала отстапка за натпреварот Ренџерс - Наполи кој требаше синоќа да се игра во Глазгов, преместувајќи го за денеска. Имено, синоќа низ цела Шкотска многу улици беа блокирани бидејќи под силно полициско обезбедување посмртните останки на кралицата Елизабета II беа церемонијално носени низ градовите за жителите да ѝ оддадат последна почит, пред со авион да бидат пренесени во Лондон.

УЕФА единствено одлучи да го прифати барањето на Арсенал и неговиот натпревар од Лига Европа против холандски ПСВ, закажан за в четврток, го помести за 20 октомври, но само откако Премиер лигата се согласи да го одложи натпреварот Арсенал - Манчестер Сити закажан за 19 октомври.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе