КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Украина побара ФИФА да го одложи мундијалскиот бараж

Украинската фудбалска федерација на 24 март треба да ѝ гостува на Шкотска, но поради војната во Украина одигрувањето на натпреварот е неизвесен.

Украина дојде многу блиску до својот втор мундијалски настап. Ја делат два бараж натпревари до пласман во Катар 2022, втор пат во историјата на земјата по дебито во Германија 2006 кога репрезентацијата беше предводена од легендарниот Андриј Шевченко.

Но, руската воена интервенција која направи хаос во земјата ја стави во безизлезна ситуацијата. Илјадници лиѓе ги напуштаа градовите, фудбалското првенство е во прекин, а никому и не му е до фудбал.

Проблем е што добар дел од репрезентативците на Украина доаѓаат од домашните клубови, иако најдобрите играат во странство. Украина би можела да состави тим за да ѝ се спротивстави на Шкотска, но тоа би бил преполовен состав, без некои клучни играчи кои настапуваат за киевски Динамо и Шахтар.

Затоа, Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) упати официјално барање до ФИФА за одложување на баражот против Шкотска, закажан за 24 март на „Хампден Парк“ во Глазгов.

ФИФА објави дека ќе се обиде да најде соодветно решение за настанатиот проблем, со оглед на тоа што одложување на овој натпревар ќе доведе и до одложување на финалниот бараж, а тоа значи дека еден европски квалификант ќе остане непознат на жрепката за завршницата закажана за 1 април.

„ФИФА изразува најдлабока солидарност со сите погодени од она што се случува во Украина. Наскоро ќе објавиме што понатаму“, кратко истакнаа од светската куќа на фудбалот.

Домаќинот на баражот, Шкотска, се понуди да ѝ помогне на УАФ за натпреварот да се одигра според планот.

„Фудбалот е незначителен среде конфликт. Но, ние го пренесовме силното чувство на солидарност кое допред до нас од шкотските навивачи и граѓани во изминативе денови. СФА упати поддршка до украинските колеги за нивните подготовки да минат во најдобар ред во оние незамисливо тешки услови“, објави Шкотската ФА.

URL

Претходно ФИФА ја исфрли Русија од баражот, но Руската фудбалска асоцијација најави жалба до Спортскиот суд во Лозана.

Истиот ден кога Украина треба да игра против Шкотска репрезентацијата на Македонија го игра својот историски бараж на гости кај Италија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе