СЕРИЈА А 2021/22

Ултрасите на Интер поставија банери со поддршка за Лаутаро и Хандановиќ

Двајца изминатиов период се на удар поради слабата форма која ја покажуваат на теренот, а особено тешки удари доби ветеранот Хандановиќ.

Ултрасите на Интер, популарните Курва Норд, истакнаа три банери околу тренинг центарот „Апиано Џентиле“ во знак на поддршка за нивните фудбалери, напаѓачот Лаутаро Мартинес и голманот и капитен Самир Хандановиќ.

„Блиц на Курва Норд утринава во 'Апиано Џентиле'. Јасна порака за поддршка на тимот (и на поединците ставени на тапет од поборниците за уништвање) во најделикатниот момент. Да се биде сега, без ако и без но, е единственото нешто кое е важно. Енергија, самодоверба, решителност. ЗАЕДНО, тим и навивачи, до Победа!“, објавија навивачите.

Аргентинецот нема постигнато гол во Серија А од 17 декември 2021 година, а во другите натпреварувања постигна само 1 и тоа во Суперкупот против Јувентус.

Словенечкиот голман, кој патем има 37 години, периодов прими неколку голови за кои се смета дека се негова грешка. Особено оној против Сасуоло кога топката му мина низ нозете.

„Со сила се добиваат битки... со карактер се добива војна!!! Норд е со вас“, стои на првиот банер.

„Држи се Лаутаро, со тебе сме“, е пораката за аргентинскиот напаѓач напишана на шпански јазик (или попрецизно, на аргентинскиот дијалект).

„Самир: Не обрнувај им внимание, Норд е со тебе“, гласи пораката до Словенецот.

На последните три натпревари во Серија А Интер освои само 1 бод, а во меѓувреме загуби од Ливерпул во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе