Во Јужна Африка нема знаци на развој на тешки форми на COVID-19 од новиот сој омикрон

Јужноафриканските научници денеска соопштија дека сè уште нема видливи знаци дека омикрон варијантата предизвикува потешка болест.

Јужна Африка кон крајот на минатиот месец го предупреди светот за нова варијанта на коронавирусот, што го доби името омикрон, зголемувајќи го алармот дека многу мутираната варијанта може да предизвика нов раст на глобалните инфекции.

Податоците од болниците покажуваат дека бројот на лица примени со симптоми на COVID-19 сега нагло се зголемува во повеќе од половината од деветте провинции во земјата, но бројот на смртни случаи не се зголемува толку драматично. Индикаторите, како што е просечната должина на престој во болница, се охрабрувачки.

Иако научниците велат дека е потребно повеќе време за да се дојде до конечен заклучок, министерот за здравство Џо Фахла изјави дека знаците за сериозноста на болеста се добри.

-Иако расте бројот на хоспитализирани, прелиминарните податоци сугерираат дека тоа се должи единствено на поголемиот број на заразени лица, а не на тежината на болеста од варијантата омикрон, рече министерот Фахла.

Епидемијата сè уште не го достигнала пикот со повеќе од 26.000 дневни случаи, колку што беа регистрирани за време на третиот бран предизвикан од делта сојот.

Јужна Африка целосно вакцинира само околу 38 отсто од возрасното население, повеќе отколку во многу други африкански земји, но значително помалку од целта на владата на крајот на годината. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе