Во Холандија откриени импровизиран затвор и соба за мачење

Б.С.Б.
/ 08.07.2020 / 11:18

Холандската полиција уапси шест луѓе откако откри шест товарни контејнери преуредени во импровизиран затвор и звучно изолирана соба за мачење со алати како клешти, скалпел и лисици, соопштија од Јавното обвинителство.

Властите наведуваат дека полицијата извршила рација непосредно пред употребата на собата за мачење, а потенцијалните жртви на време биле предупредени. Полицијата ги откри контејнерите минатиот месец во склоп на истрага покрената на основа на добиени податоци од шифрирани телефонски пораки користени од криминалци, а дешифрирани неодамна од француската полиција.

Полицијата во Велика Британија и Холандија веќе приведе над стотина осомничени на основа на дешифрираните пораки. Запленети се повеќе од 8 тони кокаин и откриени 19 лаборатории за синтетичка дрога.

Според полицискиот извештај, на 22 јуни е извршена рација на место во близина на холандско-белгиската граница, уапсени се шест мажи осомничени за киднапирање и држење заложници. Во оваа прилика се пронајдени и шест бродски контејнери кои биле претворени во импровизирани затворски ќелии, а во нив имало оружје, алати и лопати. Контејнерите биле опремени со камери за надгледување. Судот во Амстердам одреди притвор од 90 дена за приведените.

Властите велат дека истрагата за оваа криминална група е почната во април, а инспекторите го следеле нивното движење низ шифриран онлајн разговор преку EncroChat.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе