Во Романија запленети речиси половина милион фалсификувани евра

Во Романија се запленети речиси половина милион лажни евра, а власта со поддршка на европската полициска агенција Европол разби организирана криминална група која фалсификувала евра и романски леи.

Како што соопшти Европол, во вчерашната спроведена акција се уапсени десет осомничени лица, шестмина се ставени под полициски надзор, претресени се 28 куќи и запленети се речиси 450.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 500 евра.

Запленети се и 16.000 вистински евра и леи, како и одредено количество кокаин и канабис.

Во соопштението се наведува дека криминалната група била активна три години, а фалсификуваните пари ги пласирала во неколку земји на ЕУ, како што се Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Романија, Словачка, Холандија и Шпанија.

Во акцијата учествувале безбедносните сили на Австрија, Белгија, Германија и Шпанија, а во истрагата помогнала и Европската централна банка.

Тагови
реклама

Свет

Лукашенко: Се приближуваме до жешката фаза од судирот со Западот, не се опуштаме

Read more

Роберт Де Ниро: Трамп е кловн кој може да стане тиранин

Read more

Путин предупредува: Земјите од НАТО кои зборуваат за напади на руска територија треба да бидат свесни со што си играат

Read more

Чад и пламен од моторот на авионот: Навреме откажан летот Чикаго-Сиетл

Read more
 

Вести

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

Читај повеќе

Лукашенко: Се приближуваме до жешката фаза од судирот со Западот, не се опуштаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Роберт Де Ниро: Трамп е кловн кој може да стане тиранин

Читај повеќе

Путин предупредува: Земјите од НАТО кои зборуваат за напади на руска територија треба да бидат свесни со што си играат

Читај повеќе
  • play_arrow

Протести во Тирана: Експлозии пред влезот на собранието, молотови коктели врз полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

Чад и пламен од моторот на авионот: Навреме откажан летот Чикаго-Сиетл

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Читај повеќе
  • play_arrow

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерката на Италија дочека да се реваншира: Јас сум кучката Мелони, вие како сте?

Читај повеќе