Во сообраќајка загина Киптум, светскиот рекордер во маратон

Кенискиот атлетичар Келвин Киптум, актуелниот светски рекордер во маратон, загина во сообраќајна несреќа во својата татковина, објавија водечките светски медиуми, а веста ја потврдија и членовите на неговото семејство.

Според соопштението на локалната полиција во Кенија, несреќата се случила на патот Елдорет-Капсабет, а животот го загубил и неговиот тренерот Жерве Хакизамана од Руанда, кој му бил совозач. Киптум го возел автомобилот кога загубил контрола, излетал од патот во блискиот канал и удрил во дрво.

URL

Од силината на ударот автомобилот бил страшно распарчен од едната страна, а маратонецот при ударот излетал од возилото и бил најден мртов на страна. Во возилото била и Шерон Чепкемо, која ја преживеала несреќата со полесни повреди бидејќи била на задното седиште. Тренерот Хакизамана починал на пат кон болница.

URL

Киптум имаше 24 години, а минатата година во Чикаго постави светски рекорд со време 2:00:35 и се подготвуваше да стане првиот човек што ќе истрча маратон за помалку од 2 часа на 14 април во Ротердам.

Покрај тоа, Киптум беше еден од главните фаворити за освојување на златниот медал на претстојните Олимписки игри во Париз, што ќе се одржат летово.

URL

Загинатиот кениски спортист прво го привлече вниманието на светската јавност кон себе во 2022 година кога го освои третото место на маратонот, а во Лондон истата година беше уште побрз и му недостасуваа само 16 секунди за да го собори светскиот рекорд.

URL

Во оваа намера успеа минатата година во Чикаго кога докажа дека е еден од најдобрите спортисти во историјата, но прераната смрт го спречи дополнително да ги помести границите во маратонската трка.

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе