Во Србија одобрена вакцината на Pfizer, првите дози од 21 декември

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави денеска дека првите дози на вакцината Pfizer во Србија ќе пристигнат во понеделник или вторник, во првата транша од нешто помалку од 5.000 дози, а ќе ги примат корисниците на домовите за стари лица, се наведува на веб-страницата на српската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лончар изјави дека дозволата за увоз на вакцината на компанијата Pfizer и BioNTech е издадена вчера во Агенцијата за лекови и медицински средства и дека првите дози ќе пристигнат како што е ветено до крајот на годинава.

– Тоа е голем успех ако се знае дека само неколку земји во Европа и светот можат да се пофалат дека ќе имаат вакцини во тој период, кажа министерот.

Тој изрази надеж дека дозволата ќе ја добијат и други производители и дека граѓаните на Србија ќе имаат можност да ја изберат вакцината, истакнувајќи дека вакцинацијата ќе биде бесплатна.

Според него, Србија е меѓу првите кои добиле вакцини затоа што била една од првите пет земји во светот кои потпишале договор со компанијата Pfizer.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе