ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ГЕРМАНИЈА 2006

Времеплов: 14 години од инцидентот Матераци - Зидан

На 9 јули 2006 година во финалето од Мундијалот во Германија се сретнаа Италија и Франција во натпревар кој ќе остане вечно запаметен по скандалозниот дуел на Зинедин Зидан и Марко Матераци.

Двата фудбалера буквално го одбележаа финалето. Во 7. минута Зидан донесе водство за Французите откако шутираше прецизно од белата точка. Виновник за пеналот беше токму Матераци кој го фаулираше Флоран Малуда.

Набрзо потоа, во 19. минута Андеа Пирло нафрли од корнер, а највисоко во францускиот шестнаесетник скокна Матераци и со глава ја затресе мрежата на Фабјан Фартез за 1:1.

Резултатот остана непроменет и по 90 минути игра, па се замина во продолженија. Во 110. минута се случи контроверзниот момент кој го оцрни финалето.

Главниот судија, Аргентинецот Орасио Елисондо не го виде инцидентот, а забележа дека нешто се случило откако Џиџи Буфон протестираше кај помошниот судија. Тогаш судијата го виде Матераци како лежи на зејмата. Бидејќи ниту Елисондо ниту неговите двајца помошници не видоа ништо, на сцена стапи четвртиот судија, Шпанецот Луис Медина Канталехо кој виде сѐ и му раскажа на судијата.

Зидан и Матераци се движеле еден крај друг, а Матераци со рацете го држел Зидан за дресот. Размениле зборови по што Зидан со главата во стил на бик го удрил Матераци во градите, кој паднал на земја. Елисондо му покажа директен црвен картон на Зидан.

Светскиот шампион се реши по изведувањето на пенали каде Италија триумфираше со 5:3 и по четврти пат ја освои титулата, а Франција за првпат загуби финале.

Инцидентот остана главна тема наредните денови, месеци, па и години.

Remote video URL

Верзијата на англиските таблоиди

Три британски весници, The Daily Star, The Daily Mail и The Sun, објавија дека преку читачи од усни откриле како течел разговорот помеѓи Зидан и Матераци.

„Ако толку го сакаш дресот, ќе ти го дадам по натпреварот“, рекол Зидан.

„Не ми треба од син на ку*ва терорист“, возвратил Матераци. Таблоидите пишуваа дека Матераци го употребил зборот терорист алудирајќи на фактот што Зидан е етнички Алжирец и муслиман.

Зидан никогаш детално не го објасни инцидентот, а Матераци поднесе тужба до весниците кои веднаш го повлекоа напишаното.

Верзијата на Матераци

Италијанецот призна дека го навредувал Зидан, но категорично до ден денес отфрла секакво вреѓање на неговата мајка, која, патем, тој период била болна.

„Не зборував за неговата мајка. Ја загубив мајка ми на 15 години и сѐ уште сум емотивен кога зборувам за мајки“, изјави Матераци посочувајќи зошто не го направил тоа.

„Ако толку го сакаш дресот ќе ти го дадам по натпреварот“, рекол Зидан.

„Ја преферирам сестра ти ку*вата“, возвратил Матераци. Подоцна Матераци откри дека кога ги кажал тие зборови не ни знаел дали Зидан има сестра или не.

Матераци со драгоцениот пехар од финалето

Помирување

ФИФА го казни Зидан со 3 натпревари пауза и 7.500 швајцарски франци. Сепак, бидејќи Зидан се пензионираше по Мундијалот, волонтерски одработи три дена општествена работа во име на ФИФА, како замена за суспензијата. Матераци отслужи 2 натпревара суспензија и плати 5.000 швајцарски франци.

„Провоцирањето е срашна работа. Јас никогаш не бев провокатор. Страшно е и најдобро е да се остане смирен. Сепак, ако ги погледнете моите 14 црвени картони кои ги добив во кариерата, ќе видите дека 12 од нив беа како резултат на провокации. Не се правдам, не барам изговор, но мојата страст, мојот темперамент и крв ме тераа да реагирам“, изјави Зидан во 2010.

Години подоцна, двајцата се сретнале на паркинг во Милано. Се поздравиле и размениле по некој збор, меѓутоа официјално никогаш не се смирија, а Матераци напиша и книга за инцидентот од чија продажба финансиските средства ги донираше во добротворни цели.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе