За нестрпливи гурмани: Брзо и вкусно пилешко со пржена зелка

Ова јадење е готово за само половина час, а ако немате бела зелка можете да користите и црвена.

Пилешкото со зелка е идеално ако сакате лесни, вкусни јадења направени во една тава. Не содржи глутен и содржи протеини и зеленчук, а бидејќи се пржи во тава е многу вкусно.

Потребни состојки:

  • 680 гр пилешки батаци (без коски и кожа)
  • зачини (сол, кромид во прав, лук во прав + црвена пипер)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 среден кромид (сечкан на коцки)
  • 4 чешниња лук
  • 2 лажици доматно пире
  • 1 средна главица зелена зелка (тенко исечкана)
  • 2 средни моркови (крупно изрендани)
  • 180 мл пилешки булјон
  • 2 лажички црвена пипер
  • сол
  • бибер
  • свеж магдонос (за декорација)

Подготовка:

Исечете го пилешкото на мали парчиња. Зачинете ги обилно со сол, кромид во прав, лук во прав и црвена пипер.

Загрејте го маслото во голема длабока тава. Кога е жешко, додадете го пилешкото и пржете 6 минути - или додека не порумени од двете страни. Потоа додадете толчен лук и пржете 2 минути. Промешајте го лукот 30 секунди, а потоа сипете го доматното пире.

Ставете ги и измешајте ги парчињата зелка минута-две додека не се замачкаат и малку се исушат, а потоа измешајте ги и парчињата морков и на крајот додадете го булјонот и зачините. Оставете да зоврие и намалете ја топлината за да продолжите со готвењето, со повремено мешање, околу 10-15 минути или додека течноста не испари.

Украсете со магдонос и уживајте!

реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе