Задолжителен негативен ковид тест за влез во Грција преку Промахонас од 14 јули

Атина, 10 јули 2020 (МИА) – Од вторник наутро сите оние кои влегуваат во Грција преку граничниот премин Промахонас (Кулата), а се државјани на земјите за кои е дозволен влез во Грција, задолжително е да имаат негативен тест за COVID-19, направен 72 часа пред патувањето.

Ова е една од одлуките, односно една од додатните мерки донесени на состанокот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас ги соопшти трите одлуките од состанокот, кои се однесуваат, како на посетителите така и на внатрешноста на земјата, каде што до недела ќе се спроведат над 300 контроли за почитување на здравствените протоколи.

-Оние кои влегуваат, од неесенцијални причини од граничниот премин Промахонас, од 6 часот наутро во вторник 14 јули 2020 година, обврзани се да покажат негативен резултат на молекуларен тест (PCR) за коронавирусот што ќе биде направен до 72 часа пред нивниот влез во Грција. Второ, обврската за пополнување на „Passenger Locator Form (PLF)“ и понатаму е во сила, минималното време за пополнување пред пристигнувањето во Грција се ограничува на 24, од 48 часа како што беше претходно, соопшти Пецас.

Третата мерка на грчката Влада се однесува на контролите во внатрешноста на земјата за почитување на здравствените протоколи, односно десетици инспекциски единици од Националната служба за транспарентност, од Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачи, како и од грчката полицијата, како што соопшти Пецас, до недела, ќе спроведат над 300 контроли во целата земја.

На состанокот во премиерската палата, свикан од грчкиот премиер за текот на оперативниот план за контроли на влезните точки во Грција присуствувале министрите за цивилна заштита, за одбрана, за здравство и за поморство, државниот министер, замениците- министри за цивилна заштита и за здравство, замениците - министри под премиерот, генералните секретари од неколку Министерства, претседателот на Националната организација за јавно здравје, началниците на Крајбрежната служба и Генералштабот на армијата, како и професорот епидемиолог надлежен за COVID-19.

Мицотакис на состанокот истакнал дека „не е дозволено никакво опуштање“, додека пак професорот епидемиолог Сотирис Циодрас кој е надлежен за COVID-19 во Министерството за здравство на Грција изразил загриженост за здравствената ситуација на Балканот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе