УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Зидан: Се боревме до крај и ја заслуживме победата

Стратегот на Реал е задоволен по првата победа во Лигата на шампионите и тоа не против било кој, туку главниот ривал Интер.

Откако во воведното коло Реал Мадрид киксна губејќи 2:3 дома од Шахтар, а потоа во Менхенгладбах бркаше негатива од 2:0 која на крај успеа да ја претвори во реми, синоќа одигра нов драматичен напревар, но победи со 3:2.

„Сакам прво да кажам дека нашата игра во Германија беше навистина добра. Ремито на тој натпревар беше праведно и вистина е дека и овој натпревар беше и тоа како израмнет, но сепак мислам дека ја заслуживме победата“, почна Зинедин Зидан.

„Добро одигравме. Постигнавме два гола и потоа отидовме на висок пресинг, како што и планиравме. Тесен натпревар во кој тие веднаш се вратија во игра кога дојдоа до 2:1. Второто полувреме за нас беше потешко, но тоа и се очекуваше бидејќи игравме против Интер. Беше навистина добар натпревар. Беше натпревар од кој моравме да ги освоиме трите бода и тоа и го направивме. Се радувам за играчите поради напорот кој го вложија, се боревме до крај и си ја заслуживме победата“.

Во новата сезона неговиот тим е мета на критики поради неубедливите резултати, но Зизу верува во тоа како неговиот тим се развива.

„Тимот има неверојатен карактер и лик. Играчите сакаат да докажат дека можат да играат добро. Сите знаеме дека надвор од теренот од време на време се случуваат разни работи. Ние ќе продолжиме да работиме како тим. Јасно ни е дека ќе ни биде тешко да работиме на високо ниво целата сезона бидејќи не постојат лесни натпревари“, смета тој.

Од Реал секогаш се бара да доминира и да победува, но францускиот стратег става јасно дознаење дека тоа нешто денес е практично невозможно.

„Јас не гледам некој друг тим да победува цело време и тоа со леснотија. Она што го знам е дека кога играме тимски тогаш е тешко некој да нѐ победи“.

реклама

Фудбал

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more
 

Спорт

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе