КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Златан: Заслужив да бидам во репрезентацијата на Шведска

Напаѓачот на Милан вели дека не е вратен во репрезентацијата на својата земја поради неговото име, туку бидејќи со своите игри заслужува повик.

Златан Ибрахимовиќ веќе наполни 39 години, а не бил репрезентативец од 2016 година кога сам се повлече. Но, се најде на последниот список на селекторот Јане Андерсон за мундијалските квалификации на крајот од месецов.

„Не сакам да бидам земан предвид и викан за она што го имам направено порано, туку поради она кое можам да го дадам во моментов“, рече Ибра говорејќи за официјалниот YouTube канал на Шведската фудбалска федерација.

„Не можам да бидам играчот кој бев пред 5, 10, 15 или 20 години. Сега имам тотално поинаква физика и тотално поинаква игра“, додава тој.

„Но, и натаму се држам на високо ниво. Не грижете се. Не сум во репрезентацијата бидејќи моето име е Златан и бидејќи сум Ибрахимовиќ. Таму сум поради она кое можам да го дадам за тимот и искуството. Мислам дека го заслужив повикот“.

Шведска на 25 март ги отвора мундијалските квалификации дома против Грузија, а три дена подоцна гостува кај Косово. Потоа на 31 игра пријателски натпревар дома со Естонија.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе