Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби од Германецот Александер Зверев со 0:2 (2-6 и 4-6) синоќа во натпревар од групната фаза на завршниот АТП турнир во Лондон.
Претходно во првото коло од А групата, Гркот Стефанос Циципас го совлада Русинот Даниил Медведев исто така со 2:0.
Во Б групата Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим се на првите две места по стартните победи над Матео Беретини, односно Роџер Федерер.
Наградниот фонд на турнирот изнесува девет милиони долари.