УС ОПЕН 2023

Алкарас со шокантна елиминација од Медведев, Ѓоковиќ рутински во финалето

Карлос Алкарас е елиминиран од УС опен откако во полуфиналето беше поразен со 3:1 од рускиот тенисер Даниил Медведев, кој на тој начин се пласираше во големото финале каде ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Шампионот од пред две години победи во сетови со 7:6 (3), 6:1, 3:6, 6:3, по речиси 3 и пол часа одличен тенис на централниот терен во Њујорк.

Првиот светски рекет важеше за голем фаворит на овој дуел, пред сѐ поради позицијата на АТП листата, но и поради тоа што излезе како победник во последните два дуела меѓу овие играчи.

Медведев на овој меч се трудеше што повеќе тој да го диктира темпото, да биде агресивен и нападно ориентиран. Презеде многу ризици, па не е чудно што имаше 9 асови и 10 двојни грешки.

URL

Сепак, нереално беше да се очекува дека популарниот Карлитос туку така ќе се откаже по губењето на првите два сета. Првиот брејк во мечот го направи на почетокот од третиот сет, го одбрани и потоа го намали резултатот.

Шпанецот пропушти клучни шанси во третиот гем од четвртиот сет, имаше две брејк топки на сервис на ривалот, но не ги искористи.

Казната дојде во маратонскиот шести гем, кога Даниил направи брејк, го приведе мечот кон крајот и се пласираше во големото финале кое ќе се игра в недела.

Remote video URL

Во второто полуфинале, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не се мачеше премногу против сензацијата на турнирот, Американецот Бен Шелтон.

URL

Србинот победи со максимални 3:0, во сетови беше 6:3, 6:2, 7:6 (4), за нешто повеќе од 2 и пол часа игра, со што се пласираше во своето јубилејно 10-то финале, во кое ќе брка рекорден 24-ти Грен слем.

Remote video URL

Финалето на последниот Грен слем во сезоната на УС опен е закажано за в недела во 22 часот по наше време. Во победи води Ѓоковиќ со 9:5.

реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Кој ќе може да аплицира за „1.000 денари месечно за струја“?

Read more

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Тенис

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Read more

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Читај повеќе

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Читај повеќе

Челси во необична позиција: Ќе мора да плати за да не го откупи Санчо

Читај повеќе

Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе го исплати целиот договор на неговото семејство

Читај повеќе

Познати барабаните за следната жрепка во Лигата на нации, Македонија во последниот

Читај повеќе

Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Германија, Шпанија, Португалија и Франција изборија фајнлфор во Лигата на нации

Читај повеќе