Бектеши: Отворањето на угостителсктие објекти зависи од препораките од Комисијата за заразни болести

Министерството за економија како надлежно за секторот угостителство ги почитува сите предлози и препораки од Комисијата за заразни болести. Во зависност од препораката од Комисијата, Владата ќе расправа и ќе донесе соодветна одлука кога ќе почнат со работа угостителските објекти, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Комисијата и предлага на Владата кои објекти првично ќе бидат отворени и во кои фази кои објекти и кои сектори првично ќе почнат со работа. Како Министерство ги дадовме своите забелешки и сугестии за пртотоколот што ни беше доставен, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести, рече Бектеши на прес-конференција во Владата, во одговор на прашање зошто прво се отворија моловите, а не угостителските објекти.

За тврдењето на правниците дека третиот пакет мерки што го донесе Владата е неспроведлив зашто за време на предизборие е забранета исплата на средства, Бектеши рече дека уште дефинитвно не е утврден датумот на изборите.

– Во однос на забелешките од правниците јас мислам дека во креирањето на економските мерки повеќе треба да бидат вклучени економистите, а правниците да бидат консултирани за сугестиите како тие да бидат спроведени во рамки на законите и прописите. Ако ја споредиме нашата Влада со владите од регионот, ние веќе го усвоивме и почнуваме со реализација на третиот сет на економски мерки со кои им помагаме на работниците, но истовремено и на стопанството што полесно да влезат во фазата на обнова  на економијата, рече Бектеши.

Прашан дали по острите критики за третиот пакет се размислува за нов пакет на мерки, министерот за економија рече оти не смета дека имало остри критики за третиот пакет.

– Мислам дека Владата и сите надлежни  министерства на најтранспарентен начин во отворен дијалог и во соработка со стопанските комори и експертите од областа ги креираше мерките кои ќе бидат во насока на поддршка на работните места, но истовремено и на зголемување на конкурентноста на економијата во целина, потенцира Бектеши.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе