Биљана Стојановска ќе ја промовира третата книга поезија „Додека спиеш“

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот.

Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“.

Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески.

Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов).

Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.

„Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена“, вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“.

Добитничка е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“).

Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

реклама

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Read more

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Read more

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Read more

Култура

Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Read more

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Read more

Фолклорни игри под Шара во Тетово

Read more

Црна дупка на театарот Антон Панов од Струмица – најдобра претстава, 7 награди за Иванов на МНТ на 58. МТФ Војдан Чернодрински

Read more
 

Вести

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Читај повеќе

Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче

Читај повеќе

Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Читај повеќе

Украс во Владата ќе биде и портрет од техничкиот премиер во заминување - Талат Џафери

Читај повеќе

Европскиот парламент остана без пратеници Роми

Читај повеќе
  • play_arrow

Страшна глетка: 28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД

Читај повеќе

Сончево и топло со температури до 35 степени

Читај повеќе

Без вода дел од Општина Карпош

Читај повеќе

Во недела посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Читај повеќе