Бизарни работи кои Елон Маск ги кажа во емисијата на Џо Роген

Елон Маск повторно гостуваше во емисијата на еден од најпознатите автори на подкасти во светот – Џо Роген. Првиот пат во емисијата тој пушеше џоинт со Роген, а во новото гостување откри интересни, но и малку бизарни работи, пишува Independent.

Во новиот двочасовен разговор со Роген тој откри дека за помалку од година неговата компанија Neuralink ќе има потенцијал и подготвеност да стави мозочни импланти кај луѓе, слични тврдења имаше и во 2019 година. Во мозочното ткиво имплантот ќе се интегрира со помош на игли со цел да се избегне оштетување на крвните садови на површината на мозокот. Но, тоа не е сè, Independent одвои неколку бизарни моменти од интервјуто.

1. Елон Маск не знае како да го изговори името на неговото дете

URL

Моментот кога Елон Маск не знае да го изговори името на неговото новородено дете го насмеа водителот.

2. COVID-19 не е толку смртоносен како што тврдат 

Маск е отворено против мерките за карантин поради коронавирусот, смета дека се „фашистички“. Во последно време го обвинија и за ширење дезинформации за COVID-19, тој вели дека не верува за податоците за смртни случаи.

„Мислам дека степенот на смртност е помал од оној за кој соопштува СЗО. Многу помал“, вели тој и додава дека луѓето умираат од други работи и случајно се позитивни на коронавирусот. Дури вели и дека COVID-19 не е толку страшна болест бидејќи „не убива млади здрави луѓе“.

Во моментов, со коронавирусот досега се заразија над 4,2 милиони луѓе, додека починати се 285.214 луѓе. Најпогодени се САД со над 1,4 милиони и над 81.000 смртни случаи.

3. Луѓето реагираат претерано за вирусот

URL

„Како да навистина сакаат да паничат, малку е лудо тоа“, вели Маск.

Во меѓувреме, во САД податоците за над милион заболени се навистина малку „луди“.

4. Карантинот ги прекршува човечките права на Американците

Маск вели дека ова што се случува во Америка е против уставот и слободата на луѓето.

„Многу луѓе се бореле и умреле за слобода и демократија, тоа треба да го цениме, да не се откажуваме од слободата така лесно. Мислам дека го направивме тоа“, вели Маск.

Но, изгледа Маск и Роген заборавија колку луѓе исто така починаа од COVID-19, како и на фактот дека сè уште не е познато какви последици на здравјето ќе имаат оние кои ја прележале болеста.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе