Близнаци од различни татковци – колкава е веројатноста за овој феномен?

Зачнувањето на две бебиња од различни татковци, феномен познат како Heteropaternal superfecundation, е реткост, но сепак може да се случи.

Мајкл Керол, експерт за репродуктивно здравје од универзитетот Манчестер Метрополитен и татко на двајца идентични близнаци, објаснува како е тоа можно и колкава е веројатноста да се случи овој феномен.

Феномен кај луѓето, не и кај животните

Тој почнува со објаснувањето дека оваа појава е феномен кај луѓето, но не е толку ретка кај мачките, кучињата и кравите.

„Женките имаат по неколку парења со различни партнери и тоа ги зголемува шансите нивните зрели јајце-клетки да бидат оплодени од спермата на различни мажјаци, што им ги зголемува шансите за побројно потомство“, објаснува тој.

Но, луѓето не се толку добри во размножување, а исто така развиле поинакви методи на наоѓање и задржување на партнер.

Како се случува оплодувањето?

Жената може да има две зрели јајце-клетки во еден циклус. Тоа може да се случи одеднаш или последователно.

Имајќи предвид дека по ејакулација при незаштитен секс, спермата може да преживее во репродуктивниот тракт на жената неколку дена, ако жената имала незаштитен секс со двајца различни мажи во истиот временски период, и двете јајце-клетки може да бидат оплодени од сперматозоиди од двајцата мажи.

Која е веројатноста?

Досега се направени две истражувања за овој феномен во почетокот на 90-тите.

Едното покажало дека во еден од 400 парови двојајчани близнаци, децата се од двајца различни татковци.

Во второто истражување, бројката е проценета на 1 од 13.000 случаи во кои било побарана проверка на татковството.

Научниците велат дека ваквите случаи најчесто се откриваат и се евидентираат кога ќе биде побарано да се направи тест за татковство, па не може со сигурност да се каже колкав е точниот број на близнаци од различни татковци.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе