Близнаци родени од ембриони замрзнати пред 30 години

Во американската држава Тенеси, САД се родија близнаци од ембриони замрзнати пред повеќе од 30 години, пренесе BBC.

Се верува дека ова е нов рекорд за најдолго замрзнати ембриони, со успешен трансфер што резултирал со живородени деца.

Ембрионите биле замрзнати на -128 степени Целзиусови со течен азот на 22 април 1992 година.

Рејчел Риџвеј, мајка на четири деца од Орегон, на 31 октомври ги донесе на свет близнаците Лидија Ен и Тимоти Роналд Риџвеј. Според Националниот центар за донација на ембриони, приватна верска организација која досега има помогнато да се родат 1.200 деца од донирани ембриони, вели дека ова е нов рекорд.

Претходна рекордерка е Моли Гибсон, родена во 2020 година од ембрион замрзнат пред 27 години.

„Одлуката за посвојување на овие ембриони треба да ги смири пациентите кои се во дилема дали некој сака донирани ембриони создадени пред 5, 10, 20 години. Одговорот е да!“, вели д-р Џон Дејвид Гордон, кој го изврши трансферот.

Ембрионите биле од анонимен брачен пар, кој потоа ги донирал за да може наместо нив да ги користи друг пар без деца. На посвојување ембрионите биле дадени во 2007 година. Од Центарот за донација се надеваат дека оваа убава вест ќе ги охрабри и другите да посвојат ембриони.

Семејството Риџвеј има четири деца на возраст од една до 8 години.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе