„Чао 2020“ – новогодишна програма на МКЦ

ЈУ Младински културен центар подготви специјална новогодишна програма со концерти, диџеи, готвење, смеење, поезија…

„Како организатори и домаќини на скоро 400 поединечни настани/содржини во 2020, концерти, театарски премиери и претстави, изложби, поетски читања и литературни промоции, филмови под отворено небо, CINEDAYS филмски фестивал низ цело Скопје, ЗДРАВО МЛАДИ музички фестивал во срцето на Скопје, МОТ театарски фестивал во јубилеј од 45 години постојан континуитет и 15 продукции, редно беше да се пробаме и со новогодишна емисија. Конципираме програма што и ние би сакале да ја гледаме доколку сме дома пред екраните, а не на работа, која повторно на драго срце, сепак сами си ја накалемивме“, велат од МКЦ.

Во рамки на шестчасовната програма од студиото на МКЦ ќе настапат: Funk Shui, Стојче со диџеј сет од Берлин, Диџеј Фиц со специјален микс топла музика од Порто, Александар Велики, Дина Јашари, Васко Атанасоски, Суперхикс, Rush To Relax или Дамјан Маневски од зелената Љубљана, Atheist Rap со специјален биенален настап за МКЦ од Нови Сад, јавување од подземјето од Shock Troopers и „малце џез-че“ со Zulu 3.4.

Покрај музичките настапи, со специјален готвачки сет ќе настапи и Никола Исаиловски или познат како Fat Cacko од неговата Fat Kitchen, чие црцорење на загреаните тави ветува дека ќе предизвика и оближување на малите екрани.

МКЦ најавува дека за програмскиот дел што е одреден за хумор ќе настапат Vlad Ilich и Marko Dejanovic, нови, но супернадежни артисти во мегаконкурентниот свет на стендап комичари. Vlad Ilich како емигрант од Куманово во светски Лондон, успева полека но сигурно да се пробие на лондонската стендап-сцена со своj специјален настап и за BBC, а сега и за прв пат во Македонија и за МКЦ.

Во рамки на програмата ќе има и поезија во КЦ 750, бидејќи освен смеење, битна е и љубовта, а што подобро од поезија за заљубување за крај на 2020.

Под слоганот „Чао 2020“, новогодишната програма ќе се емитува на 31 декември 2020 со почеток во 20 часот на Facebook страницата и YouTube каналот на МКЦ како и премиерно на локалната скопска телевизија Едо.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе