Џафери: Референдумското прашање на Левица може да создаде проблем во понатамошната постапка

Начинот на кој е поставено референдумското прашање иницирано од пратеникот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, може да создаде проблем во понатамошната постапка, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

– По однос на содржината на прашањето, тоа е само потсетување, не е моја обврска да навлегувам, потсетувам дека начинот на кој е поставено прашањето, може во понатамошната постапка да направи проблем, во смисла на она што укажуваат не јас, туку институциите во државава, кои утврдуваат дека таквите прашања не се општ правен акт, така што јас само го потсетувам на укажувањето на другите институции, изјави Џафери на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека подносителот на иницијативата за референдум има двегодишно искуство како пратеник и се надева оти му е позната одредбата од членот 135 од Деловникот, на кој што го упатува, бидејќи таа е јасна и прецизна по кој основ треба да се доуреди барањето.

– Во секој случај ќе видиме во која насока ќе се исполнат барањата во законски предвидениот рок, додаде Џафери.

Претходно Апасиев изјави дека враќањето на нивната иницијатива за референдум од страна на претседателот на Собранието е само „купување време“, но дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе