Џеј Ло пак покажа зошто се исплати да најдете мотивација за вежбање

А.С.
/ 07.04.2021 / 18:40

Џенифер Лопес убедливо заслужува да ја носи титулата мегаѕвезда.

Таа е присутна во јавниот живот повеќе од три децении, а покрај бројните таленти, вниманието го привлекува и со својот изглед. Покрај тоа, многумина се согласуваат дека Џеј Ло на 51 година изгледа подобро од кога било.

Оваа разноврсна пејачка, танчерка, актерка, претприемач и мајка го потврди токму тоа. Џеј Ло позираше за мајската насловна страница на списанието The Beauty Issue, а најголемо внимание привлече костимот за капење кој „не простува недостатоци“. Лопес откри неколку фитнес тајни и нескромно заклучи: „Сега сум во најдобра форма што некогаш сум била во животот“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Таа рече дека секогаш вежбала, но дека сега нејзините тренинзи изгледаат поинаку отколку кога имала 20 или 30 години. Како што вели, сега тренира за здравје, а не за изглед и многу попаметно пристапува кон вежбањето.

„Кога ги правите нештата од вистински причини, изгледате подобро“, тврди таа.

Сепак, Џеј Ло се обидува никогаш да не ги прескокне тренинзите, па често ги прави и во доцните вечерни часови. Ова понекогаш ѝ е тешко, но таа истакнува дека на крајот на тренингот секогаш ѝ е мило што нашла мотивација за вежбање. Исто така, таа не дозволува нејзините тренинзи да станат монотони, па затоа честопати ги менува сериите вежби.

Претходно, еден од тренерите на Лопес, Дод Ромеро, во интервју за Us Weekly откри дека пејачката секогаш пие многу вода. Но, исто така, одбегнува ригорозни диети кои ветуваат брзи резултати. Наместо тоа, Џеј Ло практикува здрава исхрана која стана нејзин начин на живот, пренесува Eat This, Not That.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе