Двојна среќа, но и двојна грижа – се раѓаат сѐ повеќе близнаци во светот

Секое 42-ро новороденче е близнак и тоа е голема промена во последните 30 години, покажува истражувањето.

Во претходните години, во светот се родиле просечно околу 1,6 милиони близнаци, што е највисока бројка откако се следи овој вид на податоци, покажа истражувањето.

Одложеното планирање на семејството и ин витро оплодувањето го зголемија тројно бројот на бремености со близнаци во споредба со 80-тите години на 20 век.

Според прегледот објавен во списанието Human Reproduction, врвот е достигнат поради зголемувањето на бројот на бремености со близнаци во сите региони во последните 30 години - од 32 проценти во Азија на 71 процент во Северна Америка.

Истражувачите собирале информации за близнаци во 165 земји од 2010 до 2015 година и ги споредиле со статистичките податоци од 1980 и 1985 година.

Бројот на близнаци на илјада раѓања сега е особено голем во Европа и Северна Америка, и севкупно, тој се зголеми од 9 на 12 низ целиот свет.

Но, бројот на близнаци родени во Африка е константно голем и не е променет во изминатите 30 години, поради што и популацијата се зголеми.

Тренд поттикнат од различното планирање на семејството

Во моментов, околу 80 проценти од близнаците во светот се родени во Африка и Азија.

Професорот Кристијан Моден, авторот на студијата на Универзитетот во Оксфорд, вели дека постои причина зошто е тоа така.

„Бројот на бремености со близнаци во Африка е голем затоа што има голем број двојајчени близнаци, односно деца родени од две одделни јајце-клетки“, вели тој.

Тој наведува дека тоа најверојатно се должи на генетските разлики помеѓу африканското население и другите популации.

Бројот на бремености со близнаци во Европа, Северна Америка и Океанија полека ја достигнува Африка во овој поглед, поради зголемената употреба на вештачко оплодување и стимулација на јајниците.

Овие техники го зголемија бројот на бремености со повеќе плодови.

Фактот што жените избираат да основаат семејство подоцна во животот, зголемената употреба на контрацепција и пониската плодност, исто така, играат улога во сето ова, се наведува во извештајот.

Но, акцентот сега е ставен на едноплодна бременост која е побезбедна, вели професорот Монден.

„Ова е важно затоа што раѓањето близнаци е поврзано со поголема стапка на смртност кај бебињата и има поголеми компликации кај мајките и децата за време на бременоста, како и по породувањето“, вели тој.

Близнаците имаат поголеми компликации при раѓање, често породувањето со нив е предвремено и имаат помала тежина.

Шанси за преживување

Истражувањата покажаа дека судбината на близнаците во земјите со низок и среден приход е потешка.

Особено во Африка - многу близнаци починале во првата година од животот - повеќе од 200.000 годишно.

„Иако бројот на бремености со близнаци во побогатите земји сега се приближува до тој во Африка, постои огромна разлика во шансите за преживување“, вели професорот Џерон Смит, автор на студијата.

Истражувачите велат дека Индија и Кина ќе играат голема улога во иднина кога станува збор за бременост со близнаци.

Помалата плодност, мајки кои ќе решат да раѓаат деца во подоцнежните години, употребата на техники како ин витро оплодување ќе има влијание врз бројот на близнаци што следи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе