Есента го слабее имунитетот - мандарината го јакне

Есента носи постудено време, а со тоа и пад на имунитетот. Затоа, треба навреме да го разгалиме нашето тело со многу витамини и влакна - за да може нашиот имунолошки систем да работи оптимално и да бидеме помалку подложни на инфекции.

Мандарините се вистински подобрувач на здравјето. Но, што ги прави овие слатки мали агруми толку здрави? Ќе ви откриеме пет причини зошто треба да јадете најмалку три мандарини секој ден.

Ги зајакнуваат коските

Мандарините содржат многу елементи во трагови и минерали, како што е калциумот. Тие ги зајакнуваат коските и обезбедуваат здрави заби. Покрај тоа, мандарините имаат особено добра биорасположивост - што значи дека телото може подобро да ги апсорбира хранливите материи содржани во агрумите. Причината за тоа е овошната киселина во мандарините.

Добри се за кожата

На телото му треба многу витамин Ц за здрава и цврста кожа, бидејќи обезбедува изградба на повеќе колагенозно сврзно ткиво. А тоа пак ни дава убава и мазна кожа. Сепак, телото не може само да произведува витамин Ц - тој треба да се внесува преку храната. А мандарината е вистинска бомба со витамин Ц! Тој е важен и за кожата, а мал број го има во мандарините: таканаречениот провитамин А, познат и како бета каротен, кој обезбедува регенерација на клетките.

Го подобруваат имунолошкиот систем

Витаминот Ц во мандарините ни помага и во борбата против настинката. Овој витамин генерално ни го зајакнува имунитетот, но ако веќе сме настинати, може и да го скрати времетраењето на настинката. Три до четири мандарини дневно се идеални - што значи дека веќе сме покриле една третина од нашите дневни потреби за витамин Ц.

Помагаат при слабеење

Тешко е да се поверува, но е вистина: американските научници открија дека мандарините дури можат да ни помогнат да изгубиме тежина. Имено, супстанцијата нобилетин, која ја содржат овие мали агруми, го поттикнува согорувањето на мастите. Совет: нобилетинот најчесто се наоѓа директно под кората во белите влакна кои често ги отстрануваме. Затоа треба да ги јадете и нив.

Го штитат црниот дроб

Патем, нобилетинот има уште едно добро својство: се грижи вишокот маснотии да не се акумулира во црниот дроб и со тоа го одржува здрав. Замастен црн дроб, кој се формира првенствено поради внесот на многу шеќери и јаглехидрати, е поттик за разни болести, како што се разни видови на рак, дијабетес и остеопороза.

Тагови
реклама

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Read more

Земјата 2.0 излезе дека е мртов свет

Read more

Меси: Со сопругата постојано разговарам за враќање во Барселона

Read more

Кои хороскопски знаци ќе иницираат развод до крајот на 2025 година?

Read more

Здравје

Симптоми на анемија поради недостиг на железо

Read more

Неочекувани знаци дека јадете премногу сол

Read more

Што се случува со вашето тело кога јадете лук секој ден?

Read more

Храна што треба да ја избегнувате ако имате проблеми со тироидната жлезда

Read more
 

Магазин

Зошто кучето секогаш ве чека на врата?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ќе иницираат развод до крајот на 2025 година?

Читај повеќе

Симптоми на анемија поради недостиг на железо

Читај повеќе

Денеска почнува ретрограден Јупитер: Што му носи на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Првата светска војна ги променила границите на Европа?

Читај повеќе

Дрво на парите: Што да му ставите за да расте побрзо и да ви донесе бериќет?

Читај повеќе

Колку ќе ве чини зимување на Златибор оваа сезона?

Читај повеќе

Неочекувани знаци дека јадете премногу сол

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело кога јадете лук секој ден?

Читај повеќе