Најдобриот српски тенисер се пријави за турнирот во Тел Авив кој ќе се игра од 26 септември до 2 октомври, со што изненади многу љубители на тенисот.
Станува збор за турнир во категоријата 250, какви што Новак Ѓоковиќ малку играше последните години, но очигледно е дека му недостигаат натпревари и се обидува да остане во натпреварувачка форма откако беше спречен да игра на УС опен.
Турнирот во Израел се игра на бетон, а до крајот на сезоната Ѓоковиќ треба да се појави и во Токио, додека речиси сигурно е дека ќе се појави и на Мастерс 1000 серијата во Париз.
За репрезентацијата на Србија ќе настапи и на Дејвис купот во Валенсија.