Ѓоковиќ со емотивна објава и фотографии по поразот покажа колку го цени Федерер

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се огласи со специјална објава откако неговиот голем ривал Роџер Федерер реши да стави крај на својата величествена кариера.

Набргу по одлуката на Федерер, Рафаел Надал се огласи на социјалните мрежи и изјави дека жали за пензионирањето на Швајцарецот. Кога сите почнаа со емотивни пораки до Федерер, Ѓоковиќ го немаше да се изјасни на темата. Српскиот тенисер реши да почека еден ден за да подготви една многу убава порака.

Она што е интересно, заедно со емотивната порака за Федерер Ѓоковиќ објави неколку фотографии од големите финалиња во кои загуби од Швајцарецот, како она од УС опен во 2007 година. На овој начин уште еднаш покажа колку го цени Федерер.

„Роџер, тешко е да се погледне овој ден и да се искаже со зборови сето она што го споделивме заедно во овој спорт. Повеќе од една деценија неверојатни моменти и борби кои ги паметиме. Твојата кариера го постави нивото за извонредност. Чест ми е што те познавам на теренот и надвор од него, а потоа и во годините што доаѓаат. Знам дека новото поглавје во животот ќе содржи неверојатни работи за тебе, Мирка, децата и сите што ги сакаш, а обожавателите на Роџер имаат на што да да се радуваат“, рече Ѓоковиќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Српскиот тенисер им посака сѐ најдобро на Федерер и неговото семејство во иднина.

„Од моето семејство, желби за твоето. Ви посакуваме што е можно повеќе среќа, здравје и просперитет во иднина. Со нетрпение очекувам да ги прославам сите ваши успеси и да се видиме во Лондон“, рече Ѓоковиќ.

Инаку, Роџер Федерер следната недела ќе го игра последниот турнир во кариерата. Станува збор за Лејвер купот кој е закажан за 23 до 25 септември во Лондон.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе