И Twitter ќе брише лажни вести и теории на заговор против КОВИД вакцините

Социјалната мрежа Twiiter вчера соопшти дека од следната недела ќе побара од корисниците да ги отстрануваат објавите со лажни вести за вакцините против COVID-19, следејќи го примерот на Facebook и YouTube.

„Во оваа пандемија, дезинформациите за вакцините се голем и растечки здравствен предизвик - и сите треба да ја одиграме својата улога“, велат од раководството на Twitter.

Twitter може да побара од корисниците да ги отстранат лажните тврдења дека вакцините се користат за да му наштетат или контролираат населението, лаги за наводни нуспојави или теории на заговор како тврдења дека COVID-19 не постои, а со тоа дека нема потреба од вакцинирање против болеста.

Засегнатите од овие мерки ќе треба да ги избришат ваквите објави за да можат повторно да твитаат.

Од почетокот на следната година, социјалната мрежа исто така планира да стави предупредувања под твитовите кои содржат неосновани гласини, како и информации за вакцините кои се непотполни или извадени од контекст. Платформата веќе ги спроведува правилата за справување со дезинформации во врска со коронавирусот, а сега најави и специјални мерки за содржините поврзани со вакцините.

Кампањите за вакцинација започнаа во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД и Канада, а се очекува наскоро да почнат и во ЕУ.

Уште во октомври, кога вакцините сè уште беа во фаза на клиничко испитување, YouTube и Facebook објавија строги регулативи за забрана на дезинформации за вакцините и кампањите за вакцинација.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе