Инфлуенсерка од Бразил исфрлена од Ватикан поради облеката: Ме понижија

Бразилската инфлуенсерка Жужу Виеира кон крајот на јануари го посетила Ватикан во склоп на нејзиното патување во Рим, но вели дека не знаела оти изборот на облека може да биде голем проблем.

На Инстаграм таа раскажа како ја замолиле да го напушти светото место откако ја известиле дека  не е соодветно облечена. Со оглед на тоа дека не била свесна за тоа, Жужу се почувствувала понижено.

„Ми пријде еден господин кој работеше таму и ми рече дека тоа е место за молитва, а јас не сум прописно облечено по што ме исфрли од Ватикан. Ми беше многу непријатно бидејќи во близина имаше и други луѓе кои можеа да слушнат што се случува“, раскажа таа.

Ватикан има строг кодекс за облекување и за машките и за женските посетители, рамената и колената мора секогаш да бидат покриени. На жените не им е дозволено да носат маички без ракави, кратки маички или тесни кошули. Рамената мора да бидат покриени, а ко носите здолниште или фустан, колената мора да бидат покриени.

URL

„Не знаев дека постојат правила. Човек со здрав разум нема да го посети Ватикан во облека за излегување во клуб. Бев облечена во облека во која се чувствувам удобно за долги прошетки“, вели таа.

Според коментарите на социјалните мрежи, некои луѓе сметаат дека е апсурдно што ја исфрлиле, но според други воопшто не е чудно оние кои ги прекршуваат правилата за облекување да ги замолат да си заминат.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе