Интересни работи по кои Исланд се разликува од остатокот од светот

Многумина сакаат да го посетат Исланд, земја којашто е посебна не само по природните убавини, туку и поради интересната култура на живеење.

Дознајте по што се разликуваа оваа земја од останатите.

1. Родителите често ги оставаат бебињата да спијат надвор на студено

На Исланд, но и во други нордиски земји, родителите често ги оставаат бебињата да спијат надвор, на ниски температури. Бебињата се соодветно облечени и покриени, но и во такви услови многу родители не би се решиле на овој чекор.

Сепак, луѓето во Исланд веруваат дека спиењето во ладно го подобрува имунитетот на детето и придонесува за подобар сон. Можно е да има вистина во тоа, со оглед дека просечниот животен век во Исланд е 82 години, 10 години повеќе од светскиот просек.

2. Членовите од семејството имаат различно презиме

Денес е вообичаено членовите од семејството да имаат исто презиме кое се пренесува низ генерации по таткова линија. Но, во Исланд системот на презиме е поинаков. Кога двајца луѓе ќе се венчаат, си го задржуваат презимето. Ако добијат син, тогаш неговото презиме се формира со додавање на суфиксот ‘-son’ и името на таткото или мајката, додека на женското име се додава суфиксот ‘-dottir’. Суфиксите буквално значат син, односно ќерка.

3. На Исланд не може да му дадете какво било име на детето

Постапката на именување на бебето го регулира Исландскиот одбор за именување основан во 1991 година. Тие создале попис на одобрени имиња, а од 2012 година содржи 1.712 машки и 1.853 женски имиња. Ако родителите сакаат да му дадат име коешто не е официјално одобрено на пописот, мора да поднесат барање. Потоа се проценува дали името е компатибилно со јазичната граматика.

4. На Исланд има апликација која што проверува дали сте роднини со личноста со која се гледате

Исланд има околу 360.000 жители, а на толку мал остров со толку мала имиграција постои шанса да имате далечни роднини за кои не ни знаете. Исто така, постои шанса да ви се допадне некој ваш далечен роднина. На Исланд тоа стана голем проблем, па во 2010 година развија апликација којашто овозможува да проверите дали некој којшто ви се допаѓа е можеби ваш роднина.

5. Традицинален подарок за Божиќ е книга

За разлика од останатите земји во светот, луѓето во Исланд обожуваат книги. Оваа земја издава најмногу книги по глава на жител, со пет објавени наслови на 1.000 жители. Интересно е што постои традиција според која луѓето си подаруваат книги на 24 декември и цела ноќ ја минуваат читајќи.

6. Исланд е единственото место во светот на кое може да пливате меѓу тектонски плочи

Remote video URL

Силфра е единственото место во светот на кое може да пливате меѓу две тектонски плочи. Тоа е пукнатина меѓу континенти настаната поради раздвојување на тектонски плочи. Некои отвори се толку тесни што може одеднаш да ги допрете двете страни, односно може истовремено да ги допрете северноамериканскиот и евроазискиот континент.

7. На семафорите наместо кругови има срца

Економската криза во 2008 година беше погубна за Исланд, а за да го подигне расположението на луѓето градот Акурејри направи одличен потег. Тоа е вториот најголем град на Исланд и се наоѓа на северот на земјата, така што студената клима и долгите ноќи не помагаат баш во доброто расположение на луѓето. Но, градот најде решение, црвените кругови на семафорите ги претвори во срце.

Сега, кога луѓето се заглавени во сообраќај околу себе гледаат срца коишто ги потсетуваат да останат позитивни.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе