Како алпинистите на Монт Еверест ќе помагаат во борбата против коронавирусот?

Непалските власти бараат од алпинистите да им ги дадат искористените боци за кислород.

Во Непал има недостиг на боци за кислород, па затоа властите побараа од алпинистите кои се искачуваат на планината Монт Еверест да ги враќаат боците назад со нив, наместо да ги оставаат празни додека се враќаат назад.

Ова ќе биде многу корисно во време кога земјата се бори со вториот бран на пандемијата на коронавирус.

Државата издаде дозволи за искачување на повеќе од 700 алпинисти на 16 врвови на Хималаите, од кои 408 за Монт Еверест, во периодот помеѓу април и мај, сè за повторно зајакнување на планинарската индустрија и повторно кревање на туризмот на нозе.

Здружението на непалски планинари (NMA) побара од сите алпинисти да му помогнат на Непал во напорите да се справат со порастот на COVID-19, што го доведе здравствениот систем на работ на пропаст.

Лидерот на NMA, Кул Бахадур Гурунг, рече дека алпинистите и нивните водичи зеле со себе најмалку 3.500 боци со кислород, кои, како што се спуштаат по планината, главно остануваат затрупани во снегот или оставени на падините.

„Ги повикуваме сите алпинисти и шерпи да ги враќаат своите празни боци секогаш кога можат, за да можеме да ги наполниме и да ги користиме во терапијата на пациенти со коронавирус“, велат од NMA.

Во неделата, Непал пријави 8.777 нови инфекции за еден ден, што е за 30 пати повеќе од бројот на нови заразени регистрирани на 9 април.

Според владата, досега во земјата се евидентирани 394.667 случаи на инфекција со коронавирус и 3.720 смртни случаи.

Бројни приватни и државни болници во Катманду предупредуваат дека, поради недостаток на кислород, не можат да примат повеќе пациенти и дека им недостасуваат и боци со кислород.

„За да ги спасиме пациентите од сигурна смрт, потребни ни се околу 25.000 боци што е можно побрзо“, изјави Самир Кумар Адихари, службеник на Министерството за здравство.

„Исто така, итно ни требаат станици за полнење кислород, компресори и специјални кревети за единици за интензивна нега“, рече Адихари.

Непал има само 1.600 кревети на одделенијата за интензивна нега и помалку од 600 респиратори, а земјата е дом на 30 милиони луѓе и само 0,7 лекари на 100.000 жители, објави ActionAid Непал.

Пракаш Тапа, лекар во болницата Бери во југозападен Непал на границата со Индија, за Reuters изјави дека пациентите спијат на подот и во ходниците на болницата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе