Како да ги научите децата да јадат повеќе зеленчук?

Дали секој оброк се борите со децата за да го изедат зеленчукот заедно со остатокот од јадењето? Многу деца ги поттурнуват брокулите или морковите наваму-натаму низ чинијата, други ги пробуваат и прават гримаси, а трети воопшто не ги погледнуваат.

Сигурно сте пробале најралични тактики досега, но најчесто резултирале со плачење или пак ќе успеете еднаш да го натерате детето да јаде зеленчук, но на сметка на тоа нема да јаде никогаш повеќе. Затоа треба да усвоите тактики со кои децата ќе го засакаат зеленчукот и ќе сфатат зошто е добар за нив.

Разубавете го јадењето со зеленчукот

Насечкајте го зеленчукот во форма на конфети или спирали и украсете ја порцијата храна со разни форми од разнобоен зеленчук и на тој начин направете го зеленчукот попривлечен. Декорирањето на храната со зеленчук ќе го привлече љубопитното детско око и ќе ја разбуди неговата фантазија.

Дајте му избор на детето

Ако му форсирате да јаде одредени парчиња зеленчук со оброкот, детето може да создаде аверзија. Наместо тоа, направете го јадењето зеленчук еден вид игра во која детето ја има контролата – Дајте му да избере од повеќе видови зеленчук и нека учествува во изборот на јадењето и подготовката на оброкот. На тој начин ќе се чувствува корисно и дека прави нешто за себе.

Пире од сѐ и сешто

Децата побрзо би изеле нешто во форма на пире отколку во парчиња. Оваа техника чувајте ја за во деновите кога немате многу време на располагање за декорирање чинии или играње кујнски игри со детето.

Смути пијалаци

Слично како со пирето, во смути пијалаците може да ставите сиров зеленчук и да го помешате со овошје, да го ставите во забавна чаша и на тој начин да го направите целиот процес попривлечен за детето. Исто така, замолете го да ви помогне во припремата и давајте му информации за секој зеленчук зошто е добар за здравјето, на пример спанаќот има железо и тоа дава сила, морковите се добри за видот и слично.

Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе