Како да се избегнат штетните ефекти од користењето на клима-уред?

Судејќи според последните неколку дена, летото изгледа пристигна, а многумина веќе беа принудени да прибегнуваат кон различни начини за разладување.

Сепак, оние кои имаат клима-уред треба да знаат на што да обрнат внимание за да избегнат здравствени проблеми.

Веќе е познато дека клима-уредите се извор на многу бактерии, влага, мувла и слични материи кои можат да бидат штетни за здравјето.

Освен алергиите, една од нив може сериозно да го загрози нашето здравје, а токму Legionella се внесува во организмот на наједноставен начин - со вдишување.

Во брзањето да се оладиме што побрзо, а особено при нагли високи температури, често забораваме или немаме време да ја исчистиме климата, но тоа може да биде голема грешка.

Вклучувањето на климата откако некое време не сме ја користеле, може да биде многу опасно. Затоа, земете крпа во рака и добро исчистете ја пред да ја вклучите.

Ваквите уреди, кога ќе се пуштат по одредено време, би можеле да бидат причина за одредени болести, особено респираторни. Една од нив е легионерската болест која ја предизвикува споменатата бактерија, а симптомите се слични на атипична пневмонија.

Важно е да се напомене дека, покрај во клима-уредот, Legionella може да се најде и во навлажнувачи, машини за мраз и инсталации за хидротерапија.

Непосветувањето внимание на чистењето на клима-уредот може да влијае и на стапката на ладење на просторијата. Односно кога климата не е соодветно исчистена, а интензитетот со кој се ослободува воздухот од неа не е ист, што дополнително придонесува за ширење на нечистотијата во просторијата.

Важно е да се внимава и на филтрите во клима уредот, кои треба да се заменат доколку не можете да ги исчистите. За правилно чистење на филтрите од клима-уредот, стручњаците советуваат дури и да ги потопите некое време во топла вода во која претходно сте додале малку средство за чистење, а пред да ги вратите во уредот добро да ги исушите.

Покрај филтерот и самиот клима-уред, еднаш или двапати годишно проверувајте ја надворешната цевка за одвод на кондензат каде што е можно да се соберат супстанции кои може да ја затнат.

За крај, добро е да знаете дека климатизацијата не е нужно уред кој е штетен по здравјето, но важно е, пред да уживате во разладен дом, добро да се подготвите за употреба на уредот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе