Како Исланд го запре коронавирусот?

На Исланд, заклучно со минатата недела, закрепнаа околу 97% од заразените со коронавирусот, а се појавија само два нови случаи во седум дена, па изгледа дека заразата во земјата е скоро целосно елиминирана, соопшти Владата на Исланд.

Првите случаи на COVID-19 беа пријавени на почетокот на март, а Исланд веднаш воведе строги ограничувања во движењето и во активностите. Ги затвори училиштата, забрани поголеми јавни собири и воведе строги тестирања и стратегија на следење на контактите и движењето, за да запре ширењето на вирусот.

Тоа овозможи да земјата со околу 360.000 жители кон средината на април објави делумно отворање бидејќи епидемијата порано го достигна врвот и почна да се намалува бројот на заразени.

„Пријатно се изненадивме со големата брзина на намалувањето на епидемијата во Исланд. Но, исклучително е важно да останеме внимателни и да ја минимализираме опасноста од појава на заразата“, изјави главниот епидемиолог Торолфур Гуднасон.

Во Исланд се тестирани 51.663 жители, односно повеќе од 15% од населението. Повеќето мерки се ублажени од понеделникот.

Отворени се училиштата, фризерските салони и дозволени се собири до 50 луѓе.

„Околу 57% од оние кои беа позитивни на тестирањето веќе беа изолирани во карантин кога им беше дијагностицирана болеста, што верувам дека ја потврдува ефикасноста на тие мерки против ширењето на вирусот“, соопшти владата.

Правилото за држење оддалеченост од два метри меѓу луѓето сè уште е на сила, а теретаните и базените ќе останат затворени.

На Исланд 1.799 луѓе беа позитивни на вирусот, а 1.750 закрепнаа. Сега има 39 активни случаи, тројца се хоспитализирани. Како последици од коронавирусот починаа 10 луѓе, од нив седуммина беа постари од 70 години.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе